Free Web Hosting Provider - Web Hosting - E-commerce - High Speed Internet - Free Web Page
Search the Web

НОРДИ software -Your software solutions

Насловна  | Transport Office 1.0. se mk | Downloads

Ви благодариме за посетата на нашиот сајт

 Transport Office 1.0. se mk 

Програма за менаџирање на фирми и компании кои се занимаваат со транспорт на добра во земјата и во странство.

 Целиот интерфејс на програмот е на македонски јазик.

 Зошто ви е потребен ?

Фирмите и компаниите кои се занимаваат со транспорт, било тоа да го извршуваат сосопствени возила или пак како посредници се соочуваат со голем број документи, сметки, евиденции, прописи и друго. Покрај тоа што ви е потребно време за разни активности како пронаоѓање тури и други важни работи вие морате и да ги имате при себе и документите за да ги гледате податоците па така неретко вашата работна средина е претрупана со хартии, документи и слично во кои треба да се снаоѓате со голем напор а тоа ви одзема многу време. Покрај тоа кога ви треба некој документ како на пример некој налог за утовар, фактура или пак документите за раздолжување на возачите податоци за потрошена нафта па и на крајот да се види добивката вие морате да се зафатите со многу документи и да ги анализирате а тоа не е ниту брзо ниту пријатно. Потрбно ви е да направите вие налог за товарање , фактура или некој друг документ па морате да го пишувате па да го евидентирате па да го испратите до вашиот клиент....па морате да го испечатите па потоа можеби да го скенирате за да го доставите до клиентот. Тоа сето може да биде многу напорно а и можноста да се направи грешка е секогаш присутна. Задолжуваето на возачите, трошоците што ќе се направат при реализирањето на налогот (нафта, патарини, тунели, мостарини, сервиси, царини...), плати за возачите, евиденција за приходи и расходи. Раздолжувањето на возачите со задолжените средства, просечна потрошувачка на нафта, озгора на се ви требаат книговодствени извештаи, извештаи за инспекциските органи во државата, повраток на данок од земјите каде се направени трошоци а од кои следува повраток  и уште еден куп работи кои треба да ги средувате. Сето тоа ви одзема многу време а и нерви.

Дали ви е сето ова познато?

Секако дека ви е познато па вие се обидувате да си помогнете со користење на компјутер на најразлични начини со правење табели на некои од познатите апликации (Excel, Access, Word...) или пак користите некаков прилагоден книговодствен програм да имате каква таква евиденција на вашето работење.

Тоа го правите бидејќи не постои програм кој ќе ги менаџира овие ваши потреби.

Но тоа веќе не е така!

Програмот Transport Office 1.0. se mk е дизајниран за да ги задоволи овие ваши потреби да ви ослободи време за да се занимавате со суштински работи. Вашата работна средина веќе нема да биде преполна со хартии и документи низ кои со голем напор треба да се снаоѓате. Сите потребни информации ќе ви бидат достапни брзо, точно и во секое време а документите едноставно при приемот и внесувањето во базата на податоци можете да ги архивирате и толку.

Transport Office 1.0. se mk ви го нудиме за да ви се олесни работењето и зголеми профитот.

Ви нудиме презентација и целосна обука за тоа како работи програмот, онлајн поддршка, дури и по ваше барање може да се додадат или изменат некои функции (по договор).

Постои  ДЕМО ВЕРЗИЈА која можете БЕСПЛАТНО да ја добиете за да ги видите можностите на програмот.

Online презентација 

Контактирајте на :  maktoja@gmail.com  

Transport Office 1.0. se mk на македонски јазик

Пристап од раздалеченост и подршка преку интернет со помош на TeamViewer Преземете го TeamViewer

. Налози за утовар

. Фактури

. Возила

. Возачи

. Задолжување

. Раздолжување

. Трошоци

. Нафта

. Банки

. Каса исплати/прими

и многу друго... 


Prasajte na e-mail maktoja@gmail.com

 Prasajte!